Во Шведска регистрирани околу 17.500 активни членови на криминални банди

Нов извештај на Шведската национална полиција покажува алармантен пораст на бројот на лица поврзани со банди, додека властите предупредуваат дека фокусот мора да се стави на рана превенција, а не само на репресија.

Шведската национална полиција објави извештај за 2025 година, според кој околу 17.500 лица се сметаат за активни членови на криминални банди, а дополнителни 50.000 се поврзани со насилство поврзано со банди.

Шефицата на полицијата Петра Лунд истакна дека „друштвено штетните злосторства не можат да се искоренат само со кривично гонење, туку мора да се спречат уште во рана фаза“. Извештајот беше претставен на заедничка прес-конференција со министерот за правда Гунар Штремер, пренесе шведскиот SVT.

Во споредба со 2024 година, бројот на активни членови се зголемил од 14.000 на 17.500, а бројот на поврзани лица од 48.000 на 50.000. Лунд нагласи дека тоа не значи нужно раст на криминалитетот, туку дека новите полициски методи овозможиле поефикасно евидентирање и анализа на мрежите.

Бројот на активни малолетни криминалци е намален во однос на минатата година, додека просечната возраст на членовите изнесува 28 години. Според податоците, 81% од активните лица се шведски државјани, а 94% се мажи.

Лунд повтори дека полицијата ќе продолжи со превентивни мерки и едукативни програми насочени кон младите, со цел да се спречи нивното вклучување во насилни банди и организирани групи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни