Приведени се поранешен државен секретар на Министерството за економија, раководител на сектор во министерството, поранешен директор во Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени во дирекцијата, изјави министерот Тошковски.
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е повикан разговор во полиција и е повикан на распит во полициската станица во Карпош, пренесува Плусинфо.
Додека тој бил министер за економија, тогашната државна секретарка на Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ, потпишала фалсификувана лиценца за работа за дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќеска загинаа 59 лица, а 155 беа повредени.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес конференцијата денес потврди дека дискотеката „Пулс“ работела со фалсификувана лиценца.
– Приведени се поранешен државен секретар на Министерството за економија, раководител на сектор во министерството, поранешен директор во Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени во дирекцијата. Легална лиценца за работа оваа фирма нема. И оваа лиценца, како и многу други работи во Македонија е поврзана со мито и со коруција. За разлика од претходно, сега имаат име и презиме тие кои се вклучени во нелегалното изгавање на лицени и ќе одговараат – рече Тошковски и додаде дека се истражуваат две фалсификувани лиценци, издадени во 2024 година.