Кремљ ја обвинува Украина за убиството на рускиот генерал Москалик

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ја обвини Украина за денешниот напад со автомобил-бомба во Москва, при што загина рускиот генерал-потполковник Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната оперативна дирекција на Генералштабот на руската армија.

– Режимот во Киев уште еднаш ја покажа својата вистинска природа. Режимот во Киев продолжува да учествува во терористички активности во нашата земја. Тоа уште еднаш покажува дека, и покрај мировните преговори, мора да останеме будни и да разбереме со каков режим си имаме работа, наведе Песков.

Москалик беше дел од неколку високи руски делегации. Во октомври 2015 година учествуваше во состанок на т.н. Нормандиска четворка (Русија, Украина, Германија и Франција), која следеше по Минските договори од 2014 година. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни