Креативна есен во срцето на Скопје: Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

Од 10 до 12 октомври, приземјето на Скопје Сити Мол ќе биде место каде ќе се сретнат 20 талентирани современи занаетчии, кои ќе ги презентираат своите уникатни креации.

На Есенскиот базар ќе можете да откриете еко производи, рачно изработен накит, кожни аксесоари, чанти, дрвени садови и украси, епоксидни уникати, рачно насликана керамика, ароматични свеќи и природна козметика.

Овој базар е платформа која ги поврзува локалните уметници со јавноста, промовирајќи ја креативната сцена на градот и одржливиот начин на живот. Посетителите ќе имаат прилика да ги запознаат авторите на производите и да научат повеќе за нивната креативност, како и да учествуваат во создавање на заедница која го поддржува рачно изработеното.

Меѓу излагачите се наоѓаат „Мама Органа“, која ги инспирира со „zero waste“ производи, „Fabulous Flame“ и „Zen.Zeal“ со нетоксични свеќи и етерични масла, „NICHE Wood Art“ со рачно изработени дрвени садови и многу други уметници кои го промовираат современиот и одржлив живот. Есенскиот базар ќе понуди и различни врсти на накит, кожни аксесоари и рачно насликани уметнички дела кои ќе го обогатат овој уникатен настан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни