„Крајбрежево“ – изложба на дигитална графика на Љубиша Камењаров

Во Културно-информативниот центар-Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на дигитална графика и инсталација од Љубиша Камењаров, насловена „Крајбрежево“.

Како што најави организаторот на изложбата – КИЦ-Скопје, почетната замисла потекнува од „лично видување за единственоста на личноста наспроти опкружувањето и човековата збирна множина“.

-Насловот ја покажува алегоријата и преносното значење, каде што водата и брегот се сонот и јавето, односно секојдневните желби наспроти тековните фактички состојби со кои се сретнуваме. Оваа, да речеме, идејна федерација, делумно е инспирирана и од теориите и толкувањата за улогата на уметниците и самата ликовна уметност во општеството, наведува КИЦ за изложбата на Камењаров која ќе може да се посети до 19 септември.

Љубиша Камењаров (1978) дипломирал на одделот вајарство на Факултетот за ликовна уметност-Скопје во 2004 година. Од 2007, како член на уметничка група, учествувал во различни уметнички перформанси. Имал и самостојни изложби и учества на ликовни колонии и групни изложби. Работи како слободен уметник во разни области од ликовната дејност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни