Голем студентскиот собир под името “Сретни се на Сретение” вчера се одржа во Крагуевац. Студентите од Нови Сад тргнаа пешки кон Крагуевац во понеделникот, а на патот им се приклучуваа и студенти од други градови. Во исто време кон Крагуевац тргнале и Нишлии и други студенти од југот на Србија. Млади од цела Србија пешачеа, трчаа, возеа велосипеди, автомобили за да дојдат до Крагуевац за петнаесеточасовниот протест кој се одржа во овој град.

Блокадата „Сретни се на Сретение“ започна во 9:00 часот и траеше до седум минути по полноќ, а во текот на тој период два пати се оддаде почит на загинатите во Нови Сад со петнаесетминутно молчење. Групи студенти од цела Србија беа распоредени на различни точки на Лепенички булевар во должина од два километра. Во текот на денот биле организирани работилници, спортски, културни и едукативни содржини.
Собраните студенти во Крагуевац во 11:52 оддадоа почит со петнаесет минутна тишина на настраданите во падот на надстрешницата на железничката станица во Нови Сад, а втор пат тоа го направија во 23:52. По петнаесет минутната тишина започнаа прошетка на учесниците на протестот „Сретни се на Сретение“ низ главните улици на Крагуевац, која ја предводеа студентите од Крагуевац. На чело на колоната беа знамињата на Србија, Универзитетот во Крагуевац.
Почит на жртвите од падот на надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад беше оддадена со поставување 15 празни столици со имената на настраданите покрај реката Лепеница, недалеку од Лепеничкиот булевар. На столиците биле поставени и бели рози, а граѓаните околу овие столци оставале свеќи.