Бродот Оушен Викинг (Ocean Viking), изнајмен од хуманитарната организација SOS Mediterranée за итна помош, во ноќта меѓу неделата и понеделникот спасил 108 лица крај брегот на Либија, меѓу кои и бебе старо 11 месеци, соопшти организацијата со седиште во Марсеј.
„Луѓето биле во два чамци од фиберглас, и двата пренатрупани“, се наведува во соопштението, при што акцијата се случила во либиската зона за потрага и спасување.
Многу од спасените страдале од исцрпеност и морска болест, па биле итно згрижени од медицинскиот тим на бродот Оушен Викинг.
Во текот на 2024 година, 2.475 луѓе кои се обидувале да стигнат до Европа исчезнале или загинале во Средоземното Море, најголем дел во неговиот централен дел — една од најсмртоносните миграциски рути според податоците на Меѓународната организација за миграции (IOM).
Од почетокот на 2025 година, веќе се регистрирани речиси 500 такви смртни случаи.