Кој град е најлошото место за живеење?

Според патеписецот Роберт Дачешин, кој посетил повеќе од 110 земји низ светот, најлошиот град во кој некогаш бил е индискиот град Ченаи. Таму останал цели три дена и вели дека никогаш нема да се врати.

„Знам дека не е убаво некој град да го наречеш најлош, но покрај сите убави работи за кои обично зборувам, понекогаш чувствувам потреба да го свртам вниманието и на грдите градови што ги гледам околу мене. Иако сум видел многу валкани, опасни и необични градови, Ченаи е најлошото место на кое сум бил во животот и дефинитивно нема да се вратам. Исто како и во Бангладеш, на улиците има голем број питачи. Луѓето се нељубезни, а сиромаштијата, хаотичниот сообраќај и непријатното чувство на улиците се причините поради кои не препорачувам да го посетите овој град“, вели патописецот, Дачешин.

Ченаи е четврти град по големина во југоисточна Индија и едно од најпрометните пристаништа во Индија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни