Кој е Карла Софија Гаскон, прва трансродова личност номинирана за Оскар?

Во филмот Емилија Перез, Карла Софија Гаскон ја толкува улогата на мафијашки бос кој поминува низ процесот на промена на пол и започнува нов живот како социјална работничка

Глумицата Карла Софија Гаскон влезе во историјата минатата недела, кога беше номинирана за Оскар во категоријата најдобра главна женска улога. Карла Софија Гаскон ја доби номинацијата за улогата во филмот Емилија Перез и така стана првата трансродна личност која некогаш била номинирана за оваа награда.

До сега, повеќепати се случувало глумци бидат номинирани за толкување на трансродни личности, меѓу кои се Џаред Лето, Еди Редмејн и Фелисити Хафман, пренесува Citymagazin.

Во филмот Емилија Перез, Карла Софија Гаскон ја толкува улогата на мафијашки бос кој поминува низ процесот на промена на пол и започнува нов живот како социјална работничка.

Таа е родена во Мадрид и се преселила во Мексико 2009 година, каде се појавувала во неколку теленовела.Со поддршка од сопругата и ќерката, која сега е веќе тинејџерка, започнала со транзицијата во 2018 година, а улогата во филмот Емилија Перез ја добила во 2022 година.

Филмот беше остро критикуван од страна на бројни корисници на социјалните медиуми поради прикажувањето на Мексиканците, но и на трансродните личности.

Емилија Перез го постави рекорд на Оскарите со дури 13 номинации во неколку категории, вклучувајќи ги и најважните.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни