Конзилиум на лекари работи на целиот список повредени при пожарот во дискотеката и се прави проценка дали да бидат префрлени од Кочани и Штип во Скопје и од Скопје на други место, за да сите бидат згрижени на највисоко можно ниво, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој информираше дека ќе дојдат и странски експерти за изгореници од Израел, а помош понудиле и од центрите за изгореници од Холандија, Италија и Белгија.
-Бидејќи станува збор за опекотини што може да се комплицираат, наредните денови конзилиумот на доктори сметаше дека е добро да се направи место во Скопје за сите пациенти, а најкритичните да се испратат во странство. Тоа што прво тргна оттука од Клинички центар, се три пациенти за болницата Папаниколау во Солун. Голема благодарност и на дипломатите и на лекарите кои овозможија без транспорт, подвлече Клековски.
Пристигн и авионот од Бугарија со кој се пренесени осум пациенти, пет покритични и три помалку критични. Со две српски возила за брза помош, кои биле дојдени во Стара градска, ќе биле пренесени пациенти во Ниш. Од Белград требало да пристигнат три возила и авион од Турција, за исто така да пренесат пациенти.
Во „Систина“ имало еден пациент, во „Жан Митрев“ три, на сопствено барање од пациентите. Двете болници ги дале петте возила со интензивна нега на располагање, за транспорт на пациентите.
Министерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека повредените пациенти се во стабилна и релативно добра состојба, надвор од животна опасност, на Хируршки клиники во моментов имало 25 пациенти, по 24 во Градска хирургија и болницата „8 Септември“, 31 во Штип и 13 во Кочани, или вкупно 117 пациенти. Во меѓувреме, 13 пациенти биле испратени надвор од државата на лекување, за евентуално да нема компликации во тие случаи.
Таравари рече дека будно се следи состојбата и навремено и соодветно се реагирало, здравствени работници и лекови имало доволно.