Конзерватори од МСУ на работилница за унапредување и размена на искуства во областа на заштитата на културното наследство

Во нашата колекција имаме над 2000 дела изведени во различни техники и на различен вид хартија. Истите се од исклучителна важност во светски рамки. Се надеваме дека ваквите работилници ќе продолжат и ќе ја зголемат размената на информации и искуства во многуте различни проблематики од конзервацијата на хартија

Јадранка Милчовска – графичар и лиценциран конзерватор и Љупчо Иљовски, вајар и конзерватор и двајцата, дел од тимот на МСУ – Скопје учествуваа на неколкудневна работилница за унапредување и размена на искуства во областа на заштитата на културното наследство.

Станува збор за експертска мисија, финансирана од TAIEX инструментот на Европската комисија во соработка со Министерството за култура и туризам на РСМ.

На покана од НУБ во реализацијата на проектот учество земаа и конзерватори од ДАРМ и МСУ – Скопје, а координатор на проектот е раководителката на секторот Библиотечни фондови и услуги, заштита и дигитализација, Зорица Јаковлеска Спировска.

„Бевме дел од експертската мисија на TAIEX, каде разменивме мислења и искуства за конзервација и реставрација на хартијата, како носач на уметнички дела. Во нашата колекција имаме над 2000 дела изведени во различни техники и на различен вид хартија. Истите се од исклучителна важност во светски рамки. Се надеваме дека ваквите работилници ќе продолжат и ќе ја зголемат размената на информации и искуства во многуте различни проблематики од конзервацијата на хартија“, велат Милчовска и Иљовски.

Дел од експертската размена на искуства беше реализирана и во лабораторијата за конзервација и реставрација во нашиот музеј.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни