Конкурс за расказ или песна на тема „Туѓо тело“

Во пресрет на деветтото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“ кој ќе се одржи од 30 август до 01 септември, издавачката куќа Темплум и порталот Окно распишуваат конкурс за расказ или песна на тема Туѓо тело.

Темата е широка, опфаќа здравствени, идентитетски, политички, културни, општествени, воени… конотации. Расказите треба да бидат напишани на македонски јазик и да не бидат подолги од две страници (околу 600 зборови). Песните не треба да бидат подолги од педесетина стихови. Еден учесник на конкурсот може да испрати најмногу три раскази или песни. Пожелно е расказите и песните да бидат необјавени, но на конкурсот можат да учествуваат и објавени авторски дела.

Најдобро оценетите тројца автори ќе бидат наградени со Темплум книги во вредност од по 3000 денари.

Некои од расказите ќе бидат објавени на порталот Окно. Конкурсот трае до 25 август 2024 година.

Победниците ќе бидат прогласени пред почетокот на книжевниот фестивал Друга приказна.

Најдобро оценетите автори ќе можат да учествуваат, заедно со странските писател(к)и, гости на Друга приказна, на книжевниот натпревар „Овде паѓаат крупни зборови“, што ќе се одржи на 30 август.

Расказите можете да ги испраќате на адресата:nikola.gelevski@gmail.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни