Топлиот африкански бран што ја зафати нашата земја и регионот и донесе рекордно високи температури, конечно завршува.
УХМР од утре најавува намалување на температурите под 38-от степен и локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а значителен пад на температурите ќе има од вторник.
„Утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник ќе настапи позначителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно, нестабилно и посвежо време со услови за повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со грмежи, особено во вторник.
Дневната температура ќе биде во опаѓање и до средината на следната седмица се очекува да опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната“ велат од УХРМ