Концерт на Passepartout Duo и Алембик во КИЦ

На 12 септември во Салон 19:19 концерт ќе одржат Passepartout Duo од Италија и Алембик од Македонија. Passepartout Duo е состав од Верона формиран во 2015 од пијанистката Николета Фавари и перкусионистот Кристофер Салвито.

На 12 септември во Салон 19:19 концерт ќе одржат Passepartout Duo од Италија и Алембик од Македонија. Passepartout Duo е состав од Верона формиран во 2015 од пијанистката Николета Фавари и перкусионистот Кристофер Салвито.

Нивната музика е комбинација од електроакустични звуци и амбиентални текстури исплетени во полиритмика, истражувајќи нови начини на синтеза на звук преку електромагнетизам, преку спроводливи текстилни влакна, и преку креаирање композиции за лесно пренослив инструментариум од дрво и метал како обид за градење на самоодржлива музичка кариера преку развој на сопствен DIY екосистем и вмрежување со уметници од целиот свет.
Од формирањето до денес бендот е на непрекината турнеја, посетувајќи ги едни од најзначајните уметнички резиденции низ целиот свет меѓу кои The Watermill Center (US), Swatch Art Peace Hotel (CN), Embassy of Foreign Artists (CH).
Нивниот интердисциплинарен пристап има доведено до многу соработки, меѓу кои и албумот Radio Yugawara, снимен минатата година во соработка со легендарниот јапонски амбиентален состав Inoyama Land.

Во 2021 го дизајнираат првиот електромагнетен синтисајзер Chromaplane, за чија креација го освоија првото место на Guthman Musical Instrument Competition во 2025.

Нивниот „from scratch“ пристап до сега има резултирано со издавање неколку ЕP и 4 LP албуми: Vis-à-vis (2020), Daylighting (2021), Circo Pobre (2022) и Argot (2024).Ова ќе биде нивен прв настап во Македонија.

Алембик се Виктор Танасковски (гитара) и Ива Дамјановски (клавијатури, вокал, теремин). Нивниот прв, истоимен албум е издаден во 2022 и е посветен на конфликтот, но и возможната симбиоза на природата и технологијата; претставува музика која се обидува преку самиот процес на нејзиното создавање да го отелотвори овој концепт.

До сега имаат реализирано голем број настапи на домашни фестивали, како и во повеќе европски земји (Чешка, Естонија, Франција, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Италија). Редовно учествуваат во уметничко-истражувачки проекти.
Моментално работат на вториот албум.

Влезот е 300мкд (билетите ќе бидат достапни на влез, како и онлајн преку https://mktickets.mk/event/pdal/ ) 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни