По вчерашниот голем собир на студентите пред платото на УКИМ, во спомен на жртвите од пожарот во Кочани, со реакција се јави најголемата студентска заедница во Македонија- Студентарија. По информациите за тоа што се случуваше на собирот на кој дел од студентите изразија негодување за присуството на министерката Весна Јаневска, од Студентарија велат дека стасуваат закани кон нив и кон основачот Гоше Николов.
Реакцијата на Студентарија ја пренесуваме во целост:
„Најголемата студентска заедница во Македонија- Студентарија, од денес е под напад на про-владини ботови и аплогети. Додека младите тагуваат, додека целата младина е во шок поради смртта на најмалку 60 згаснати млади животи во трагедијата каква што не паметиме, некои во страв од ескалација на револт избрзаа да ја покажат најдолната бесчувствителност во обид да си ги спасат фотелјите.
Наместо признавање на вина и одговорност, од вечерва сме сведоци на лаги, напади и валкани игри против Студентарија.
Денес како и секогаш, Студентаријај беше таму каде што треба- на страната на студентите. Го следевме и го пренесовме студентскиот собир и протест, бидејќи нашата мисија е јасна: да информираме, да го пренесеме гласот на младите. Денес како и секогаш, Студентарија беше таму какде што треба- на страната на студентите. Го следевме и пренесовме студентскиот собир и протест бидејќи нашата мисија е јасна: да информираме, да го пренесемем гласот на младите и да бидеме платформа што се бори за студентските права и подобра живот.
Денес на платото пред УКИМ се случи инцидент кој Студентарија одлучи да го пренесе и објави, што очигледно не им одговара на владеачките елити.
За време на говорот на министерката за образование и наука Весна Јаневска, повеќе студенти побараа лекарска помош, откако на нивни колеги им се слошило. Министерката продолжи да говори, по што огромна маса на студенти почна со свиркање и барање тишина за да им се помогне на оние со влошена здравствена состојба. Меѓу извиците и свирежите се слушнаа повици собирот да не се политизира( поради присуството на Јаневска) а дел од студентите извикуваа оставка.
Студентарија го документираше настанот и беше првиот медиум кој објави за инцидентот затоа што сметаме дека јавноста и младите имаат право да знаат што се случуваше. Двете видеа од денешниот протест објавени на нашиот профил, заедно бројат над 1,2 милиони прегледи. На видеата се гледа огромна маса од најмалку 3.000 изреволтирани млади луѓе. По објавата на видеата и нивната виралност, а поради стравот што владеачката ВМРО ДПМНЕ го има од младите со оглед на ситуацијата во Србија(стравот истото да не се прелее во Македонија), провладини и про вмровски ботови одлучија да го насочат ударот кон Студентарија.
Во страв од засилување на протестите кои започнаа денеска, а се најавени и за наредниот период , провладините ботови се обидуваат да го минимизираат револтот и подготвеноста на младите да се изборат со најважното- правдата. Од вечерва, бројни профили и страници организирано шират лаги дека организатор на протестите кои се закажани за утре во повеќе градови низ земјава е Гоше Николов, основач на Студентарија. Меѓу лажните објави се бара притвор(?) за основачот на Студентарија, а се повикува и на насилство кон него. Идејата зад ваквите лаги кои ги споделуваат десетици сомнителни страници на социјалните мрежи Х и Фејсбук(голем број од нив го носат името на ВМРО ДПМНЕ) веројатно е да се престави лажна слика дека Студентарија има некакви задни намери и е поврзана со одредени политички партии.
Најостро демантираме каква било поврзаност со организацијата на утрешните протести низ земјава. Ниту Студентарија ниту нејзиниот основач Гоше Николов се дел од иницијативи кои подготвуваат протести периодов.
Она што ја плаши власта е што Студентарија која е една од најпопуларните и највлијателни канали меѓу македонската младина, активно ги споделува повиците за граѓански протести изминатиов период(протести против загадениот воздух, по смртта на Фросина, а сега и трагедијата во Кочани). Студентарија постои повеќе од седум години и оние кои се со нас од самите почетоци знаат: Студентарија не е партиска алатка, ниту е нечиј послушник. Не била ниту ќе биде. Студентарија е гласот на младите и нема да запреме, особено не кога насилно се обидувате да не замолчите.
За бесчовечноста на про-владините ботови да биде поголема, Гоше Николов е од Кочани и во внатрешниот пожар како и сите други изгуби многу пријатели и познаници. Среде оваа трагедија, партиските апологети наместод а покажат трошка човечност, избраа да водат хајка, да манипулираат и да лажат. Нехумано. Нечовечно. Срамно.
Пораката е следна:
Колку и да се обидувате да го задушите гласот на младите, само го правите погласен. Не се плашиме, Не забораваме. Не замолчуваме. Колку повеќе не напаѓате- толку по гласни ќе станеме“ порачува Студентарија во соопштението објавено на социјалните медиуми.