На автопатот „Милош Велики“ се формира долга колона на возила која се движи кон Белград, каде денес се одржува голем протест на студентите. Како што јавуваат српските медиуми, од наплатната рампа Горњи Милановац, колоната на возила која доаѓаат од правецот на Прељина е долга неколку километри и не и се гледа крајот.
Инаку, токму Прељина беше место каде денес се собраа сите граѓани кои се упатија на протестот од Чачак, Ужице, Пожега, Лучани, Краљево, Врњачка Бања, Рашка, Иванјица, Горњи Милановац, Косјериќ…
Организаторите на денешниот протест најавија доаѓање на голем број луѓе од Западна Србија и според тоа што го пренесуваат српските медиуми, Нов Белград е целосно блокиран. Кај кружниот тек, масата е непрегледна, откако на просутните им се придружија граѓаните на Нови Белград кои околу 11 часот тргнаа од Земун, како и студентите и земјоделците со трактори.
Булеарот Михаило Пупин е целосно блокиран, а до Булеварот на уметноста се паркирани трактори, зад кои стои маса на луѓе. Тракторите пристигнаа од правецот на Земјоделскиот факултет и беа проследени со повици „пумпај“.
Беше оддадена и почит на загинатите при падот на надстрешницата, по што насобраните се упатија кон Ушче, па во центарот на градот каде се одржува главниот собир.
Голем број ветерани од 63. падобранска бригада дојдоа пред Хемискиот факултет да ги поддржат студентите.