Екстремните горештини уриваат рекорди ширум Европа, Азија и Северна Америка, при што милиони луѓе се погодени од топлотни бранови и влажност далеку над „нормалните“ со денови.
Топлотните бранови стануваат посилни како што се менува климата – траат подолго, стануваат се почести и едноставно се станува потопло.
Едно прашање што го поставуваат многу луѓе е: „Кога ќе стане премногу жешко за нормална дневна активност каква што ја знаеме, дури и за млади, здрави возрасни луѓе?“
Одговорот оди подалеку од температурата што ја гледате на термометарот. Се работи и за влажноста. Заедно, топлината и влажноста ги ставаат луѓето на значително зголемен ризик, а комбинацијата станува опасна на пониски нивоа отколку што претходно веруваа научниците.
Научниците и другите набљудувачи станаа вознемирени поради зголемената фреквенција на екстремна топлина поврзана со висока влажност.
На Блискиот Исток и во Индија и Пакистан се забележуваат исклучително опасни високи температури придружувани од висока влажнсот на воздухот.
Луѓето често укажуваат на студија објавена во 2010 година која теоретизира дека температурата на која воздухот може да се лади со евапорација, односно 35 степени со 100% влажност на воздухот или 46 степени со 50% влажност на воздухот би била горната граница на безбедност, над која човечкото тело повеќе не може да се излади со потење.
Дури неодамна оваа граница беше тестирана на луѓе во лабораториски услови. Резултатите од овие тестови покажуваат уште поголема причина за загриженост.
За да да се даде одговор на прашањето “Колку е жешко е премногу жешко?” во истражувањето на Универзитетот Пен Стејт учестуваа млади, здрави мажи и жени во лабораторијата Нол каде што искусија топлински стрес во контролирана еколошка комора.
Овие експерименти даваат увид во тоа кои комбинации на температура и влажност почнуваат да стануваат штетни дури и за најздравите луѓе.
Секој учесник проголатал мала пилула за телеметрија која континуирано ја следела нивната длабока телесна температура. Тие потоа седеле во еколошка комора, движејќи се доволно за да ги симулираат минималните активности од секојдневниот живот, како што се туширање, готвење и јадење. Истражувачите полека ја зголемувале температурата во комората или влажноста во стотици одделни експерименти и следеле кога температурата во средината на субјектот почнала да расте.
Таа комбинација на температура и влажност при која основната температура на лицето почнува постојано да расте се нарекува „критична граница на животната средина“.
Под тие граници, телото е способно да одржува релативно стабилна температура во средината на долги временски периоди. Над тие граници, температурата во средината постојано се зголемува и ризикот од болести поврзани со топлина со продолжена изложеност се зголемува.
Кога телото се прегрева, срцето мора да работи понапорно за да го пумпа протокот на крв во кожата за да ја растера топлината, а кога исто така се потите, тоа ги намалува телесните течности. Во најтешкиот случај, продолжената изложеност може да резултира со топлотен удар, проблем опасен по живот кој бара итно и брзо ладење и медицински третман.
Студиите на млади здрави мажи и жени покажуваат дека оваа горна граница на животната средина е дури и пониска од теоретизираните 35 степени. Внатрешната температури започнува да расте на околу 31 степен. Тоа би било еднакво на 31 степен при 100% влажност или 38 C степени при 60% влажност.
Моменталните топлотни бранови ширум светот ги надминуваат критичните еколошки граници и се приближуваат, ако не и ги надминуваат, дури и теоретизираните граници.
Во топли и суви средини, критичните граници на животната средина не се дефинирани на ист начин, бидејќи речиси целата пот што ја произведува телото испарува, што го лади телото. Сепак, количината што луѓето можат да ја потат е ограничена.
Имајте на ум дека овие резултати се засноваат исклучиво на одржување на температурата на вашето тело од прекумерно зголемување. Дури и пониските температури и влажноста можат да предизвикаат стрес врз срцето и другите телесни системи.
Едно неодамнешно истражување покажа дека отчукувањата на срцето почнуваат да се зголемуваат многу пред нашата основна температура да почне да расте. И додека стигнувањето на овие граници не мора да претставува најлошо сценарио, продолжената изложеност може да стане страшна за ранливите популации како што се постарите лица и оние со хронични болести.
За справување со екстремните горештини научниците препорачваат постојана хидратација и барање места каде што телото може да се излади, дури и на краток период.
Извор: CBS