Научниците откриле колку е потребно да пешачиме во текот на денот за да го продолжиме животниот век за една година. Познато е дека редовната физичка активност значително го намалува ризикот од сериозни болести како што се болести на срцето, мозочен удар, дијабетес тип 2 и рак.
Од британското НХС препорачуваат дека возрасите треба да бидат физички активни секој ден, комбинирајќи вежби за зајакнување на мускулите и аеробни вежби, вкупно околу 150 минути неделно. Меѓутоа, новите истражувања покажуваат дека и пешачењето од само десет минути дневно може да го продолжи животот за цела година, особено кај постарите од 60 години.
Студијата од Велика Британија открива дека мажите имаат повеќе корист од вежбањето, отколку жените. Имено, редовното пешачење на жените може да им го продолжи животниот век за околу 11 месеци, додека на мажите за дури 16 месеци.
Зголемувањето на траењето и интензитетот на одењето може дополнително да ги зголеми овие бројки, па пешачењето од 30 минути дневно може да додаде дополнителни 16 месеци за жените и скоро две и пол години за мажите.
Извор: Н1