Производителите на автомобили јасно дефинирале колку треба да бидат напумпани гумите на поединечните модели. Големите отстапувања од тоа не се добри.
Како што пишува „Revija HAK“, гумите со низок притисок се прегрејуваат и може да им се намали векот на траење до 20%. Тоа значи, наместо да траат околу 40.000 километри, ќе треба да ги смените на 32.000 километри. Истовремено, се зголемува и опасноста од пукање на гумите.
Кај пренапумпаните гуми, страничните ѕидови и газниот слој стануваат потврди од вообичаено, а контактната површина на гумата со патот се намалува, што предизвикува побрзо трошење. Оваа промена може да го намали припиот и перформансите.