Колку канабис е доволно за ослободување од стресот?

За некои луѓе канабисот е начин да се стигне до блаженство и релаксација, додека други може да ги испрати во надолна спирала на аксиозност и параноја.
Фото: elsaolofsson, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Поради тоа што канабисот досега најчесто беше нелегален, проучувањето на ефектите било тешко, но со бранот на легализација се зголемуваат и студиите на канабисот.

Една нова студија од списанието Drug and Alcohol Dependence фрли малку светлина врз тоа дозите на тетрахидроканабинол (THC) – главната психоактивна хемикалија во канабисот – и како тоа се поврзува со ослободување од стрес.

Со своите колеги, Ема Чајлдс, вонреден професор по психијатрија на Универзитетот во Илиноис во Чикаго, проучувала 42 здрави учесници на возраст меѓу 18 и 40 години, од кои сите имале одредено искуство со употреба на канабис, но не користеле на дневна основа.

Субјектите биле случајно поделени во три различни групи на двојно слеп начин, што значи дека и учесниците и истражувачите не знаеле кој припаѓа на која група.

Една група примила мала доза на THC (капсула која содржи 7,5 милиграми од соединението), друга група добила умерена доза (12,5 милиграми THC), а третиот сет субјекти биле плацебо група, што значи дека добиле капсула што не содржи THC воопшто.

Сите испитаници учествувале во две четиричасовни задачи на Универзитетот во Чикаго, при што секој поединец ги внесувал доделените дози на THC пред секоја сесија.

За првата сесија, учесниците посветувале 10 минути за да се подготват за лажно интервју за работа. Потоа, тие се сретнале со лабораториските асистенти на петминутно интервју, а потоа им било кажано да бројат наназад со одземање 13 од петцифрен број (вежба што траела пет минути).

Бидејќи последната задача е прилично тешка, Чајлдс и нејзините колеги очекувале дека таа ќе им предизвика многу стрес на учесниците.

За време на нивната втора сесија, испитаниците се сретнале со лабораториските асистенти уште еднаш, но овој пат од нив едноставно се барало да разговараат за омилениот филм или книга пет минути, а потоа да играат солитер.

За двете сесии, од учесниците се барало да го оценат нивото на стрес и да опишат како се чувствуваат за секоја задача. Истражувачите, исто така, ги разгледувале нивните физиолошки мерки во различни интервали, како што се крвниот притисок на учесниците, отчукувањата на срцето и нивото на кортизол (хормон на стрес).

Испитаниците кои примиле 7,5 милиграми THC изјавиле дека чувствувале помалку стрес по попредизвикувачката задача, во споредба со оние кои примале плацебо капсула.

Оние на кои им била дадена умерена доза на ТХЦ рекле дека биле понегативно расположени и пред и во текот на таа задача, со чувство кое го опишувале како „заканувачко“ и „предизвикувачко“.

Интересно е што истражувачите не откриле значителни разлики меѓу учесниците во однос на отчукувањата на срцето, крвниот притисок или нивото на кортизол во која било точка пред, за време или по секоја од двете задачи.

„Нашите наоди даваат одредена поддршка за вообичаеното тврдење дека канабисот се користи за намалување на стресот и за ублажување на напнатоста и анксиозноста. Во исто време, нашето откритие дека учесниците во групата со повисока THC пријавиле зголемувања на анксиозноста и негативното расположение во текот на тестот, ја поддржува идејата дека THC, исто така, може да произведе спротивен ефект“ изјави Чајлдс.

Во 2014 година, истражувачите од Универзитетот Вандербилт откриле канабиноидни рецептори во дел од мозокот вклучени во регулирањето на анксиозноста.

Плус, друга студија од 2014 година покажала дека, од околу 100 испитани пациенти кои користат медицинска марихуана, половина од нив пријавиле ослободување од чувствата на стрес и анксиозност.

Значи, тука некаде се создава јасна корелација, но за жал, на истражувачите им е прилично тешко да добијат дозволи за проучување на канабисот, така што ќе помине некое време пред навистина да видиме какви било долгорочни трендови во ова истражување.

Извор: Elite Daily

Најново

Последни колумни