Храната претставува извор на енергија и хранливи состојки кои се неопходни за одржување на животот и оптималното здравје на организмот.
Денес се популарни трендовите кои подразбираат „гладување“ или „постење“, па се поставува прашањето колку луѓето тоа може да го издржат.
Дипломираната нутриционистка Дубравка Тишма за Н1 Србија вели дека човекот без храна може да издржи три до четири недели.
„Гладувањето може значајно да влијае на разградувањето на протеините во телото. Кога телото нема доволно калории и енергија од храната, мора да се ослонува на разградување на сопствените резерви за да се осигура потребна енергија за виталнтие функции. Тоа вклучува и разградување на протеини од мускулите и други ткива за да се ослободат аминокиселени кои може да се користат за производство на глукоза, преку процесот познат како глуконегенеза“ објаснува таа.
Таа исто така додава дека тоа може да има некои предности, но само ако се применува повремено, еднодневно и со пазуа од еден месец, но не и за губење на телесна маса или како терапија за одредена болест.
Повременото гладување, познато и како повремен пост (intermittent fasting) е популарен пристап на исхрана кој вклучува периодични циклуси на пост и јадење, а тие циклуси подразбираат недели и месеци континуирана примена.
„Од здравствен аспект, повременото гладување може да има некои потенцијално штетни ефекти, особено ако не се спроведува правилно или ако не е прикладно за некои лица“ вели нутриционистката и додава дека тоа се заснова на биолошкиот процес наречен автофагија, во кој клетките ги разградуваат и рециклираат оштетените или непотребните компоненти, поради обнова и оодржување на функционалноста.
Авофагијата како процес прв пат е опишан уште во 1960 година, но дури во 2016 година со истражувањето на јапонските биолози предводени од Јошинори Охсуми, подобро се разбраа неговите механизми и улогата во различни физиолошки ситуации.
„Интрацелуларната протеолиза или автофагија е контролиран процес во кој интрацелуларните компоненти се опкружени со мембрани. Цитоплазмата е поделена на везикули кои се доставуваат до лизозомите каде протеазите, како ензими за разградување на протеините, ги разградуваат внесените протеини во поединечни амино киселини. Понатаму, овие амино киселини ги оставаат лизозомите во складишта на амино киселини, кои подоцна влегуваат во синтезата на нови протеини“, објаснува Тишма.
Таа објаснува дека овој природен процес во нашите клетки нема директна поврзаност со диетата смислена од Наоми Вител, познат диетолог, која се повикува на овој процес, поради што и диетата е популарна.
„Како што напредува гладувањето, телото може да почне да ги разградува мусклулните протеини за ослободување аминокиселини. Тоа се случува ако гладувањето продолжи подолго време, бидејќи телото настојува да ја сочува глукозата за мозокот и другите витални функции. Освен мускулите, телото исто така може да почне да ги разградува протеините и во органите и другите ткива за да се осигура дека има доволно аминокиселни“ додава Тишма за Н1.
Според неа, гладувањето го зголемува ризикот за пореметувања во исхраната, што може да доведе до дехидратација, сериозни здравствени проблеми како што е губењето на мускулна маса, слабеење на имунолшкиот систем намалување на функцијата на органите и други метаболички поретеметувања.
Тишма нагласува дека децата, трудниците, доилките, болните, како и постарите никкако не треба да применуваат гладување како метод за губење телесна тежина.
„За децата, макронутриентите како и микронутриентите секојдневно учествуваат во изградбата на нови ткива и секоја нивна рестрикција може да се одрази на нивното здравје“ вели таа.
Нутриционистката се осврна и на трудниците, бидејќи за нив нутриентите се важни за правилен развој на плодот и за нивното здравје.
„На болница лица, во зависност од болеста, потребна им е енергија која ќе им обезбеди добар имунитет и виталност за борба со болеста“ додава Тишма.
Кога се во прашање постарите, според нутриционистката, процесот на разградување на протеините не е целосно сразмерен со нивната синтеза, па константен и адекватен внес на сите потребни макро и микронутриенти е неопходен.
Тишма смета дека влијанието на познатите личности на општата популација и на сите свери од животот е голем, но во областа на здравјето тоа е опасно и треба секогаш да се проверува.
„Се повеќе луѓе имаат сериозни здравствени проблеми под влијание на одредени популарни личности и нивни теории кои неретко произлегуваат од сопствени искуства како и од слободно толкување на научни теории кои не ги разбираат во целост“ вели Тишма.
Таа смета дека организмот на секој човек е едиснтвен, па со самото тоа и пристапот во решавање на било кој здравствен проблем или унапредување на здравјето мора да биде индивидуално и водено од здравствени работници и експерти.
Извор: Н1