Кој не смее да зема магнезиум без консултација со лекар?

Иако магнезиумот често се доживува како безопасен додаток за сон, грчеви и стрес, кај одредени луѓе неговото земање може да предизвика сериозни проблеми.

Магнезиумот е еден од најчесто препорачуваните додатоци во исхраната, особено кога станува збор за подобар сон, помалку грчеви и чувство на смиреност. Но иако често се доживува како нешто што може да се зема без многу размислување, експертите предупредуваат дека суплементацијата со магнезиум не е добра идеја за секого, особено не без претходна консултација со лекар.

Најголем ризик, , постои кај луѓе со заболувања на бубрезите. Бидејќи бубрезите се задолжени за исфрлање на вишокот магнезиум од телото, нивната ослабена функција може да доведе до натрупување на минералот во крвта. Тоа, пак, може да предизвика пад на крвниот притисок, отежнато дишење и срцеви аритмии. Посебна претпазливост се советува и кај лица со срцеви заболувања, бидејќи неконтролираниот внес на магнезиум може да влијае врз срцевиот ритам и рамнотежата на електролитите.

Се предупредуваат на ризици и луѓе со дијабетес, бидејќи магнезиумот може да го засили дејството на одредени лекови за намалување на шеќерот во крвта и да доведе до хипогликемија. Дополнително, кај лица со воспалителни болести на цревата, како Кронова болест или улцеративен колитис, одредени форми на магнезиум можат да ја влошат дијарејата, надуеноста и болките во стомакот.

Проблемот не е само во здравствените состојби, туку и во интеракциите со други терапии. Магнезиумот може да ја намали апсорпцијата на одредени антибиотици, да влијае на лекови за остеопороза и да влезе во сложен однос со диуретици. Затоа особено внимание се препорачува кај трудници, постари лица и пациенти што веќе земаат повеќе различни лекови.

Магнезиумот е важен минерал и му е потребен на телото, но тоа не значи дека треба да се зема на своја рака. Најбезбедно е прво да се провери дали навистина постои потреба од суплемент, каков облик е соодветен и дали тој воопшто е безбеден во комбинација со постојната здравствена состојба и терапија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни