Кои земји од ЕУ имаат најголем број на онлајн ученици?

Корисниците на интернет во ЕУ лани посетувале повеќе онлајн курсеви споредено со 2023 година

Околу 33% од корисниците на интернет во ЕУ во 2024 година посетувале онлајн курсеви или користеле онлајн материјал за учење. Според најновите бројки на Евростат, ова значи зголемување од 3 отсто во однос на 2023 година.

Ирска забележа најголем удел на корисници на интернет ангажирани во онлајн учење со 61%, потоа Холандија со 59% и Финска со 53%.

Спротивно на тоа, онлајн образованието било значително поретко во Романија со 10%, Кипар со 11% и Бугарија со 17%.

Кога се разгледуваат специфичните методи за онлајн учење, 18% од корисниците на интернет во 2024 година посетувале онлајн курс, односно планирана серија активности за учење на одредена тема што резултира со квалификација или сертификат за присуство. Највисоки се стапките во Ирска со 36%, и во Финска и во Шпанија, и двете со 32%.

Истовремено, 29% од корисниците на интернет користеле онлајн материјали за учење, односно материјали за едукативни, професионални или приватни цели. Највисоко учество има Холандија со 53%, Ирска со 52% и Финска со 46%.

Меѓу најпребаруваните онлајн курсеви минатата година се вештачката интелигенција, сајбер безбедноста и дигиталниот маркетинг. Околу 40% од врвните курсеви во 2024 година предаваат вештачка интелигенција, зацврстувајќи ја како вештина која мора да ја поседуваат сите работници.

Сепак, и покрај севкупното зголемување на стапките на онлајн учење во ЕУ, посетувањето онлајн курс останува најмалку популарна активност меѓу корисниците на интернет. Само 17% од граѓаните на ЕУ на возраст од 16 до 74 години користеле интернет за онлајн курсеви, додека останатите учествувале во учење за приватни цели.

Повеќето луѓе го користат интернетот првенствено за комуникација: 85% го користат за телефонски повици, видео повици или пораки, додека 80% го користат за е-пошта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни