Кои земји трошат најмногу пари на истражување за рак?

САД инвестираат над 25 милијарди евра во истражување на рак, додека ЕУ и Обединетото Кралство ги следат. Новата студија открива каде и како се трошат парите глобално.

САД убедливо водат во финансирањето на истражувањата за рак, но и европските земји обезбедуваат милијарди евра за оваа намена, покажува нова анализа објавена во списанието The Lancet Oncology.

Истражувањето опфати скоро 108.000 проекти за истражување на рак ширум светот, реализирани во периодот од 2016 до 2023 година, со вкупна вредност од 51,4 милијарди долари (44 милијарди евра). Анализата ги вклучува трошоците на владите и добротворните организации, но не и приватниот сектор.

Кои држави трошат најмногу?

САД: 57% од вкупното финансирање речиси €25,2 милијарди. Европска Унија и земји-членки: 16.8% или €7,4 милијарди. Обединето Кралство: 11.1% што е €4,9 милијарди, Јапонија: 3.6% или €1,6 милијарди, Австралија: 2.9% или €1,3 милијарди и Канада и Кина: по 2.6% што е €1,3 милијарди.

Инвестирањето во истражувањата за рак опаѓа секоја година – освен во 2021 година, кога се забележа нагло зголемување. Тој тренд потоа повторно опадна, освен во ЕУ, каде што инвестициите продолжуваат да растат.

Германија е најзаслужна за овој пораст, со €610 милиони инвестиции во периодот на истражување.

Земјите со низок приход и нееднаквости

Земјите со низок приход инвестирале само €48,4 милиони за осум години. Истражувачите предупредуваат дека оваа разлика може да се зголеми поради намалувањето на американската помош под администрацијата на Трамп.

„Нееднаквоста во финансирањето води до нерамномерни резултати – не сите типови рак или региони добиваат еднаков пристап до истражувања и третмани,“ вели Michael Head, водечкиот автор на студијата.

Каде одат парите?

76% од глобалното финансирање е наменето за лабораториски истражувања. Најмногу се финансирани: рак на дојка, крв и клинички испитувања. Истражувањата за хируршки третман и радиотерапија се сериозно недофинансирани, иако се чести методи на лекување

Ракот е одговорен за 1 од 6 смртни случаи во светот, според СЗО. Бројките растат како што светската популација старее. Земјите со низок приход се најмногу погодени поради недостапност на навремено лекување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни