Кои зеленчуци се најзагадени со пестициди?

Шведските научници докажаа дека инсектицидите, фунгицидите и регулаторите за раст на растенијата можат да се акумулираат во телата на децата и возрасните. Меѓутоа, ако две недели не јадеме храна загадена со пестициди, нивото на овие токсини во нашето тело паѓа на нула.
Фото: Wally Hartshorn/Flickr

Еден труд од 2008 година наведува дека многу пестициди се сметаат за невротоксини, кои можат да влијаат на мозокот на животните и луѓето. Истражувањата покажаа дека постои силна врска помеѓу изложеноста на пестициди и Паркинсоновата болест – хронично и прогресивно нарушување на движењето.

За да го намалите ризикот од овие болести, се препорачува да избегнувате да ги купувате следните зеленчуци, освен ако не се органски одгледувани или растат во вашата градина: целер, спанаќ, домати, чери домати, краставици, пиперки.

Извештајот од 2011 година покажа дека глифосатот е одговорен за помеѓу 60 и 100 проценти од загадувањето на воздухот. Во Европа, повеќе од 40 отсто од подземните води се позитивни на глифосат, а Германците го пронашле овој пестицид во човечка урина. Глифосат е пронајден и во човечката крв, па дури и во мајчиното млеко.

Децата се почувствителни на токсини отколку возрасните. Американската академија за педијатрија предупреди дека раната изложеност на пестициди е поврзана со најтешките детски болести, намалена когнитивна функција и проблеми во однесувањето. Истражувањата покажаа дека децата од предучилишна возраст изложени на пестициди имаат послаба издржливост, послаба координација на рацете и очите и послаба краткорочна меморија од децата кои не биле изложени на исто ниво на токсини.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни