Иран во новиот бран напади на израелски и американски цели првпат користеше балистичка ракетa „сajджил“, една од најнапредните ракети со среден дострел на земјата.
Технички карактеристики
„Сajджил“ е развиена во Иран, со дострел од околу 2.000 километри, користи цврсто гориво и може да носи боеви глави со тежина до 700 килограми. Ракетата е долга 25 метри, има пречник од 1,25 метри и тежи околу 2,3 метрички тони. Се верува дека е способна и за носење нуклеарни боеви глави.
Iran used its Sejjil ballistic missile for 1ST TIME on Israel in latest strike – Tasnim News
— RT (@RT_com) June 18, 2025
Releases vid showcasing 2-stage missile with 2,000 km+ range https://t.co/Qwaii9yMoB pic.twitter.com/6Wt0hL55ef
Историја и развој
Ракетата „сajджил“ првпат беше лансирана минатата година и е класифицирана како балистичка ракета земја-земја, развиена целосно во рамките на Организацијата за воздухопловна индустрија при Министерството за одбрана на Иран. Првиот теренски тест беше во 2008 година, а подобрената верзија „сajджил-2“ развиена е во 2009 година.
Особини на летање
Цврстото гориво овозможува побрзо лансирање во споредба со ракети со течно гориво. Ракетата е управлива во сите фази на летот, што ја прави тешка за пресретнување со конвенционални противвоздушни системи. Според информациите од Иран, лансирана од централниот дел на земјата, „сajджил“ може да стигне до Тел Авив за околу седум минути.