Дејли Мејл објави листа на најсреќните хороскопски знаци кога станува збор за коцкањето и игрите на среќа. Можеби многумина не очекуваа вакви резултати, но го имаме одговорот кој имал најмногу, а кој најмалку среќа во текот на минатата година.
На прво место се Рибите, кои освоија повеќе награди на лотарија од кој било друг знак во текот на изминатата година. Родените помеѓу 19 февруари и 20 март освоиле 11,6% од сите добивки на лотарија.
Веднаш зад Рибите се Близнаците, а играчите на овој хороскопски знак освоиле 9,9% од добивките, а еден процент помалку се Девиците со 8,9% и Водолиите со 8,5%. Потоа, по ред, одат: Скорпија, Бик, Рак, Лав, Вага, Јарец, Овен и Стрелец.
Најнесреќниот хороскопски знак е Стрелец, бидејќи само шест отсто од добивките од лотарија завршиле кај Стрелците.
Портпаролката на Австралиската лотарија Лорен Куни рече дека би било интересно да се види дали овој тренд ќе продолжи.
Рибите секогаш се гледаат како дарежливи и сочувствителни, со длабоко чувство на љубезност и сочувство. Би било интересно да се види што се случило со нивните добивки на лотарија и дали ги споделиле со своите најблиски.