Во едно неодамнешно истражуввање беа опфатени 51 земја со цел да се најдат најдобрите 10 за купување на сувенири. Истражувањето го опфати најпопуларниот сувенир во секоја земја, неговата цена, годишните пристигнувања на меѓународни туристи во тие земји, трошоците за меѓународен туризам и проценетата заработка од продажба на сувенири.
Сите три земји со најпопуларни сувенири се европски, а една заработила повеќе од 1,6 милијарди долари од продажбата на својот најпопуларен предмет.
Франција е на врвот на листата, а привезокот за клучеви во форма на Ајфеловата кула е најпопуларниот сувенир во светот. Земјата има најголем годишен број на меѓународни туристички пристигнувања, 117,1 милиони. Но, бидејќи привезокот за клучеви има релативно ниска цена, проценетата заработка од овој сувенир е само околу 600 милиони долари, што е ниско во споредба со некои други земји во истражувањето.
Полска е на второ место со познатиот килибар накит. Фосилизираната смола од дрвја се обработува како скапоцен камен и се користи со векови на Балтикот за да се направат додатоци за богатите и благородниците. Полска има најголема проценета заработка од продажба на сувенири од над 1,6 милијарди долари. Земјата, исто така, бележи 88,5 милиони годишни меѓународни туристички пристигнувања..
Италија го зазема третото место со своите стаклени привезоци Мурано, кои се изработуваат на остров покрај Венеција. Земјата пречекува 38,4 милиони меѓународни туристи.