о
Списокот на оние кои ги поддржуваат студентските протести секој ден е сѐ подолг. Јавни личности ја искажуваат поддршката во јавни настапи или на социјалните мрежи. Во меѓувреме, властите тврдат дека немаат ништо против, но дали навистина е така?
Меѓу првите кои ги поддржаа студентите беа просветарите и земјоделците, а потоа излегоа и глумците. Еден по еден.
„Вашите студентски барања се многу прецизни, паметни и интелигентни, ја погодуваат самата цел. Вие барате одговорност“, порача глумецот Никола Ѓуричкo.
„Како да се појави светлината конечно, а јас мислам дека и навистина се појави“, рече Светлана Цеца Бојковиќ, глумица.
Споделувајќи соопштение на Здружението на драмски уметници на Србија, во кое се повикува на поддршка на блокадите, со студентите застана и глумецот Милош Биковиќ.

Се огласија и театарите, нивните ансамбли.
„Верувајќи во нашите институции, студентите низ земјата бараат од сите кои обавуваат јавни функции да делуваат во согласност со принципите на одговорност, солидарност и правичност, кои претставуваат темелни културни вредности“, порачаа глумците. Крвави дланоки во знак на солидарност подигнаа членови на Белградската филхармонија. Проговорија и пејачите:
„Само би рекла – испраќам љубов за студентите“, порача Ана Штајдохар, пејачка.
Излегоа и познати новинарски лица, па дури и од Јавниот сервис, како Јован Мемедовиќ и уредничката на РТС, Оливера Ковачевиќ.
И дел од вработените на Радио-телевизијата на Војводина се приклучија на академиците пред зградата на таа телевизија. Како што направија и вработените во Палатата на правдата на влезот во таа институција. Свој став споделија дури и инфлуенсерите, со фотографии од протестите.
Ниту спортистите не останаа настрана, како најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ и тренерот на Партизан и повеќекратен шампион на Европа, Жељко Обрадовиќ.
„Ако не ја поддржуваш младоста и младите луѓе, кого ќе поддржиш? И тие имаат свои идеали“, порача Жељко Обрадовиќ, тренер на Партизан.
Јавните личности препознаа дека поддршката на тие идеали е многу важна, бидејќи може да влијае и на оние кои се неодлучни, објаснува социјалниот психолог Драган Попадиќ. Дополнително, тој истакнува:
„Таа поддршка охрабрува оние кои сѐ уште се плашат да се изјаснат и да дадат поддршка, и многу силно ги мотивира оние на кои им е упатена поддршката“, вели Драган Попадиќ, социјален психолог.
Тој се обиде да докаже дека сето тоа не му пречи претседателот на Србија. Истакнува, тоа се исти имиња како и секогаш. Иако има и нови.
„Сите исти луѓе за кои знам и што мислат за мене и што ми сакаат, што тука е спорно? Тоа што некој добро шутира топка или удри топка или било што, треба да биде одлучувачки фактор во политиката? Па тоа никогаш не било“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.
Ударњето на топка можеби не го признаваат како квалификација за изнесување ставови, но властите во Србија изгледа дека ги боли ставот на една пејачка со националистички репертоар како Даница Црногорчевиќ.
„Поддршката од оние кои се подготвени да платат цена со тоа што даваат поддршка е далеку посериозна и има многу поголем ефект“, вели Драган Попадиќ, социјален психолог.
Интересно, на списокот од 100 најголеми достигнувања на Вучиќ нема реконструкција на новосадската Железничка станица, за која властите често се фалат.