Кога Милена се појави во овој фустан меѓу светските ѕвезди, ги засени сите

„Тоа беше фустан од призренска свила, божествени бои, кој за мене беше создаден по моделот на стари српски фустани од нашиот познат креатор Александар Јоксимовиќ“

Кога Милена Дравиќ во 1980 година се појави на црвениот тепих на фестивалот во Кан во свилен фустан, таа сите ги засени со својот изглед.

Милена тогаш ја доби наградата за најдобра споредна улога во филмот на Горан Паскаљевиќ „Специјален третман“.

„Тоа беше фустан од призренска свила, божествени бои, кој за мене беше создаден по моделот на стари српски фустани од нашиот познат креатор Александар Јоксимовиќ. (Во монографијата „Милена Дравиќ“ авторката Татјана Њежиќ ги цитираше овие зборови на познатата актерка).

Инаку, актерката секогаш се трудеше да претстави некои одлики на локалната традиција во странство: „По враќањето од Кан во Белград, купив – ако некој се уште се сеќава на дуќаните во градот наречени „Дуга реса“ каде се продаваа српски постелнина и слични работи – нарачав цели 40 метри призренска свила и ја испратив во Лондон, Париз…

Ме потсети на Америка, на гостувањето со претставата „Милена во светлото на мажите“, што го направив според текстот на Душко Радовиќ. Таму ја запознав Лиза Минели. Прекрасна средба, трогателен разговор… И подарив сувенир, мал пар српски опанак, за спомен“, пишува во монографијата за Милена Дравиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни