Долгата скандинавска зима, која обично трае од ноември до крајот на март, бара слоевито облекување и сериозна заштита од студот. Додека температурите на север од Шведска и Норвешка можат да паднат на -30 °C, зимите подалеку на југ во Шведска, Норвешка и Данска се генерално поблаги и повлажни, па затоа им се потребни материјали што „дишат“, но и штитат од дожд.
„Откако од Велика Британија се вратив во Шведска, сфатив колку често луѓето надвор од Скандинавија не се доволно облечени за зима. Ова стана уште поочигледно кога добив деца и забележав колку инсистираме тие да бидат правилно облечени – во повеќе слоеви, завршувајќи со дебели, водоотпорни панталони“, пишува Јона Даглиден Хант за „Гардијан“
Таа објаснува дека Скандинавците без страв се соочат со студените месеци, бидејќи имаат омилени производи за прошетка на улиците и скијачките патеки.

Зимски чизми
Во Стокхолм, за да ви останат суви стапалата, цврстите зимски чизми се неопходни, а модата честопати зазема втор план. Се носат водоотпорни чизми, кои се направени од специјален материјал „Cli-Tech“, составен од милиони ситни воздушни меурчиња кои ја задржуваат топлината. Некогаш омилени меѓу љубителите на природата, денес се многу популарни и во градовите.
„Не можам да имам посебен пар чевли за секоја временска пригода – идеално е за мене да имам таква што функционира во сите услови“, вели наставничката Кајса Линдхолм од Стокхолм.
Ако влезете во која било градинка во Скандинавија, ќе видите и деца и возрасни во најмалку три слоја облека. Во Финска, волнениот подслој е зимски стандард, бидејќи волната ве одржува топли дури и кога сте влажни.
„Обично носам волна како основа, потоа флис, па водоотпорна и ветроотпорна зимска јакна. Лесно се прилагодувате на промените на температурата“, објаснува Вернери Варханен од Хелсинки..
Ракавици
Овие ракавици, познати и како „пазарни“ ракавици, првично биле дизајнирани да ги држат прстите слободни при ракување со стока и пари. Во Данска, поради поблагите зими и развиената култура на возење велосипед, тие станаа популарни бидејќи овозможуваат активен живот со доволно топлина – и стил.
„Тука се возат велосипеди преку целата година, а зимите не се толку ладни во последните години. Ги обожавам волнените ракавици без прсти“, вели Теодора Колчагова од Копенхаген.

Долга пуф јакна
Долгата пуф јакна е исклучително практична. Полна со пердуви, дава чувство дека носите ќебе.
„Како да сте завиткани во ќебе. Одлична е со здолниште, но и со тренерка за брзо пазарување – никој дури и не забележува што има под јакната“, вели инженерката Нина Линдесвард од Стокхолм.
Чорапи
Рачно плетените волнени чорапи, често изработени во семејството, традиционално се носат во Скандинавија. Сепак, денес, чорапите со полнливи батерии што се загреваат стануваат сè попопуларни.
„Тие се неверојатни – не можам да живеам без нив“, вели фотографката Софи Снел од Оре. додавајќи дека се скапи но дека траат речиси седум години.
Allværsjakke – јакна за сите временски услови
Норвешката планинска култура, исто така, ја обликувала својата мода.
Јакната за сите временски услови мора да биде водоотпорна, припиена и прилагодлива.
„Обично носам маица или кошула, фармерки или панталони одоздола, а убав плетен џемпер одозгора“, вели новинарката Вибеке Стијансен од Осло.
Балаклава
Капа што ја покрива главата и дел од лицето стана вистински моден детаљ.
„Тие убаво го врамуваат лицето, се исклучително практични и не оставаат празнини низ кои влегува ладен воздух. Мразам кога ми е студено, но сепак сакам да изгледам урбано и уредно – дури и кога е смрзнувачко надвор“, вели Сара Брант Зариц од Стокхолм