Кочани во моментов е блокиран од полиција, пожарн, a екипи на Обвинителството Пристигнале и вршат увид на местото на несреќа во дискотеката „Пулс“ во која ноќеска околу 3 часот по полноќ избувна пожар. Затворен е пристап од привиот кружен тек во градот. Во градот ситуацијата е траорна. Избезумени родители си ги бараат децата и не знаат каде и кому да се обратат. Најголем дел од повредените се примени во болницата во Кочани и во Штип, а дел од повредените се пренесени на скопските клиники. Роднини и пријатели на повредените на социјалните мрежи објавуваат фотографии одсвоите деца и бараат информации за тоа во која болница се.
Официјалната бројка на починати не се соопштува но се шпекулира дека е голема. Бројот на повредени е над 100 тина. Потешко повредените се препратени во клиниките во Скопје.
Според Плусинфо, дискотеката која се запали порано била магацин за теписон. Објектот работи речиси 14 години. Во времето кога градоначалник на Кочани бил Ратко Димитровски, објектот од државата не добил дозвола да биде дискотека. Плуинсфо пренесува дека дека лиценцата за кабаре на објектот му била до 24 март.
Пожарот кој избувна во објектот веројатно е предизвикан од пиротехнички средства. На социјалните мрежи се појавија снимки од пламенот кој ја зафати плафонската конструкција над самите рефлектори на дискотеката среде концертот на познатата група ДНК.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е на самото место на настот, се очекува да даде повеќе информации на прес-конференција во 9 часот.