Која европска престолнина е прогласена за најдобро место за прослава на Нова Година?

Прага е прогласен за најдобар европски град за прослава на Нова Година, според истражување кое анализирало клучни фактори како што се бројот на барови и клубови, цената на оброците и популарноста на социјалните мрежи. Главниот град на Чешка, познат по својата готска архитектура и живописен ноќен живот, нуди 548 барови и клубови, што е најмногу во Европа, додека цената на шише просеко изнесува само 18 евра. Исто така, оброкот во Мекдоналдс е достапен, со цена од околу 8 евра. Прага е популарна на социјалните мрежи, со повеќе од 19 милиони хештегови на Инстаграм.

Будимпешта, со 208 барови и клубови, зазема второ место, а Барселона се наоѓа на трето место благодарение на големиот број барови и клубови, како и популарноста на Инстаграм и ТикТок.

Листа на топ 10 дестинации за дочек на Нова Година во Европа:

  1. Прага, Чешка
  2. Будимпешта, Унгарија
  3. Барселона, Шпанија
  4. Лисабон, Португалија
  5. Берлин, Германија
  6. Софија, Бугарија
  7. Рига, Летонија
  8. Букурешт, Романија
  9. Лондон, Англија
  10. Мадрид, Шпанија

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни