Која е Загорка Доловац, врховната јавната обвинителка од која белградските студенти бараат одговорност?

Белградските студенти вчера оставиле 1.000 идентични писма за обвинителка Загорка Доловац, за да како што велат „почне да ја работи својата работа“ и да ги покрене институции да реагираат. Студентите потоа, пеејќи химна на Србија, се вратија на блокадите на своите факултети.

Тужителката повика претставници од студените на среба што покажува дека многу добро разбира се што се случува во Србија и дека ги знае причините за студентската побуна и генерално – незадоволството на јавноста од нејзината работа и работата на нејзините обвинители во делот кој се однесува на утврдување одговорност на луѓето од државниот апарат за трагедијата на Железничката станица во Нови Сад и загинувањето на 15 лица.

Тоа значи и нешто уште полошо, пишуваат српските медиуми, а тоа е дека очигледно свесно одлучила да молчи за стварноста на Србија, односно за сеопштата корупција, криминал, злоупотреби… Сè што и е во описот на тужителската работа. Тоа велат, го прави веќе трет мандат по ред.

Која е Загорка Доловац?

Загорка Доловац е родена 1966 година во Нови Сад. Завршила гимназија во Сремски Карловци 1985 година, а дипломирала на Правниот факултет во Нови Сад 1989 година. На почетокот на кариерата работела во Окружното и Општинското јавно обвинителство во Нови Сад, а на место заменичка општински јавен обвинител во Нови Сад е избрана во 1996 година.

Работела на случаи од областа на стопанскиот и класичен криминал. Некои од познатите случани на кои работела се се „ПИК Земун“, „фудбалска мафија“ и лабораторија за дрога во Крњачи, како и случајот Миладин Ковачевиа.

Во 2004. година, кога бил извршен реизбор на тужителите, не била избрана, како и неколку нејзини колеги од новосадското обвинителство. Бившиот министер за правда Зоран Стојковиќ тогаш изјавил дека при реизборот на обвинителите направени се неколку пропусти, а Нови Сад го наведе како пример. Загорка Доловац по неколку месеци била избрана за заменик обвинител.

На почеткот на 2010 године именувана е за републички јавен тужител, а на таа функција повторно е именована во 2015 година. Од јули 2021 година е на позицијата републички јавен обвинител.

Многу примедби се упатени на нејзината работа во претходните години. Некои од нив биле оправдани и главно се однесувале на неактивност на нејзините обвинители за растечкиот криминал и врските на луѓето вработени во државни органи со истиот, за што таа има овластувања по законот.

Позната е по тоа што ретко се огласува за главните и најважните случаи кои ја потресуваат јавноста, што се исто така дел од нејзината функција како јавен тужител.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни