Која е најдобрата телевизиска серија според Стивен Кинг?

Светски познатиот хорор автор Стивен Кинг, познат по своите сложени и обемни романи, во 2014 година откри кои серии ги смета за најдобри во 21 век.
Фото: Tussauds, CC BY-SA 2.5, via Wikimedia Commons

И додека многу од неговите книги како „Carrie“, „The Shining“, „IT“ i „Pet Cemetary“ виделе култни филмски и ТВ адаптации, Кинг често сака да ги препорачува своите омилени работи за гледање на неговите фанови. Во интервју за Ролинг Стоун во 2014 година, Кинг без двоумење одговори што мисли дека е најдобрата серија на модерната ера – и тоа не е хорор шоу.

На прашањето која е најдобрата серија на 21 век, Кинг немаше дилеми: „Breaking Bad. Знаев дека е одлична од првата сцена кога го гледате Брајан Кренстон во неговите боксерки. Мислев дека тоа е неверојатно храбар потег бидејќи тие боксери изгледаат толку смешно“.

Breaking Bad го следи Волтер Вајт (Брајан Кренстон), професор по хемија во средно училиште кој дознава дека има рак. За да ја обезбеди финансиската иднина на неговото семејство, тој започнува да произведува и продава метамфетамин со помош на неговиот поранешен студент Џеси Пинкман (Арон Пол).

Со неверојатна приказна и врвна глума, серијата освои голем број награди и стана една од најпознатите ТВ продукции на сите времиња.

Серијата се емитуваше од 2008 до 2013 година на AMC, а во 2011 година пристигна и на Нетфликс, што дополнително ја зголеми нејзината популарност. Сепак, сите фанови треба да побрзаат и повторно да ја гледаат бидејќи Netflix планира да ја отстрани серијата во 2027 година.

Иако Кинг тврди дека Breaking Bad е најдобрата серија на модерната ера, тој истакна дека уште една криминална серија донела вистинска револуција на телевизијата – The Shield. „Во првата епизода, Мајкл Чиклис, кој го игра главниот лик, се врти и убива колега полицаец. И мислев дека телевизијата штотуку претрпе тектонска промена“, рече Кинг потсетувајќи се на првите епизоди.

„Breaking Bad е подобра, но The Shield промени сè“, заклучи тој. Покрај Breaking Bad и The Shield, Кинг пофали и неколку други серии кои го освоија во интервјуто – Sons of Anarchy, The Walking Dead, The Bridge и The Americans.

„Овие серии се толку слоевити и ве вовлекуваат во приказната што во споредба филмовите изгледаат како кратки приказни“, рече Кинг.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни