Не е непознато дека овошјето и зеленчукот се третираат со пестициди, поради што е многу важно, како што често предупредуваат експертите, тие да се измијат и преработат соодветно пред консумирање.
Шведските научници докажале дека инсектицидите, фунгицидите и регулаторите на растење на растенијата можат да се акумулираат во организмот, како кај возрасните, така и кај децата. Сепак, ако две недели не консумираме храна контаминирана со пестициди, нивото на овие токсини во нашето тело паѓа на нула. Ова е причината зошто е важно да се избегнува храна третирана со пестициди.
Според документи од 2008 година, многу пестициди се сметаат за невротоксини кои можат да влијаат врз мозокот кај цицачите и луѓето. Истражувањата покажале силна поврзаност меѓу изложеноста на пестициди и Паркинсоновата болест – хронично и прогресивно нарушување на движењето.
Во извештај од 2011 година било откриено дека глифосатот предизвикува од 60 до 100 отсто загадување на воздухот. Во Европа, повеќе од 40 отсто од подземните води се позитивни на присуство на глифосат, а Германците го откриле овој пестицид и во човечката урина. Глифосат е пронајден и во човечка крв, па дури и во мајчино млеко.
Децата се почувствителни на токсини отколку возрасните. Американската академија на педијатри предупредува дека изложеноста на пестициди во рана возраст е поврзана со појава на рак кај деца, намалени когнитивни функции и проблеми во однесувањето.
Истражувањата покажале дека деца од предучилишна возраст кои биле изложени на пестициди имаат послаба издржливост, полоша координација меѓу око и рака, како и послабо краткорочно помнење во споредба со деца кои не биле изложени на исто ниво на токсини, пренесува nova.rs.
За да го намалите ризикот од овие заболувања, се препорачува да избегнувате купување на следниве видови зеленчук, освен ако не се органски одгледани или растени во ваша градина: целер, спанаќ, домати, чери домати, краставици, пиперки