Кој нема да може да патува во ЕУ: Се воведуваат патни дозволи за кои некои може да бидат одбиени

Нов систем, кој треба да започне во мај, предвидува дека сите граѓани, освен младите под 18 години и повозрасните над 70 години, ќе треба да плаќаат такса за патување, но постојат и патници на кои нема да им биде дозволен влез во ЕУ.

“Иако се проценува дека над 95 отсто од луѓето нема да имаат проблем, доколку некој биде одбиен, тоа може да се однесува на лица кои претходно имале правен проблем во земјите на ЕУ”, изјави Александар Сеничиќ, директор на ЈУТА.

Кој ќе има проблем со добивање на дозвола?

Во случај да биде одбиена вашата пријава за патна дозвола, ќе добиете е-пошта со објаснување за причината за одбивањето. Сеничиќ истакна дека 95 отсто од луѓето нема да се соочат со проблем при добивањето на дозволата.

“Важно е што оние кои ќе бидат одбиени ќе добијат причина за одбивањето, за да можат да го решат тој проблем во иднина и да патуваат непречено низ земјите на ЕУ”, додаде Сеничиќ.

Постојат неколку причини поради кои вашата пријава за ETIAS (Европски систем за патни информации и авторизација), кој ќе се применува од мај 2025 година, може да биде одбиена:

– Доколку патните документи што сте ги користеле се пријавени како изгубени или украдени.

– Доколку сте прогласени за безбедносен ризик, потенцијален нелегален мигрант или претставувате висок ризик од ширење епидемии.

– Доколку не доставите дополнителни информации или документи кои се бараат за обработка на апликацијата во зададениот рок, или не се појавите на закажаното интервју.

– Доколку претходно ви бил одбиен влез или престој во некоја земја на ЕУ, а за тоа е издадено и официјално предупредување.

– Доколку постојат основани сомнежи во точноста на податоците што сте ги доставиле или во веродостојноста на документите што сте ги приложиле.

ETIAS системот е воспоставен за собирање информации за патниците кои моментално можат да патуваат во Европската унија без визи и има за цел да идентификува поединци кои претставуваат безбедносен ризик пред да им биде дозволено да патуваат во шенген-зоната.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни