Кој е Фридрих Мерц, идниот канцелар на Германија кој го превзема водствота на првата европска сила?

„Многумина во CDU сметаат дека Мерц и Трамп можат добро да се согласуваат. Мерц ја познава САД, тој направи кариера во приватниот сектор, значи е бизнисмен, што може да му се допадне на ‘творецот на договори’ во Белата куќа“, оценува магазин „Шпигел“.
epa12020768 Chairman of the Christian Democratic Union (CDU) party and faction Friedrich Merz attends a press conference to present the joint coalition agreement in the German Bundestag, in Berlin, Germany, 09 April 2025. The CDU, the Christian Social Union (CSU) and the Social Democratic Party (SPD) have successfully concluded coalition negotiations. EPA-EFE/CHRISTOPH SOEDER

Често карактеризиран како „човек на минатото“, идниот нов канцелар на Германија, Фридрих Мерц, буди големи надежи кај своите европски сојузници кои цврсто се надеваат на поддршката од Германија во светот нарушен од Доналд Трамп.

Конзервативниот политичар (69) чија партија CDU/CSU победи на парламентарните избори на 23 февруари, помина клучна фаза за доаѓање на таа највисока позиција по денешното објавување на постигнатиот коалиционен договор со левиот центар за формирање на влада.

Патот беше долг за овој адвокат по образование, симнат од власт на почетокот на 2000-те од страна на Ангела Меркел, додека се сметал за природен наследник на Хелмут Кол, таткото на германското повторно обединување.

Човекот кој никогаш немал министерска позиција ја презема водечката улога на првата европска сила во момент на геополитички превирања, кога Европа се обидува да се ослободи од военото покровителство на американскиот сојузник кој стана непредвидлив, за да ја обезбеди својата одбрана спроти руската закана, пишува агенцијата Франс прес.

Иако е убеден атлантист, тој вети дека ќе ја врати својата земја во центарот на европските прашања со силен глас во одбрана на интересите на континентот, кои се погодени исто така од трговската војна на Трамп.

Недвосмислен поддржувач на помошта за Украина, тој привлече вниманијата најавувајќи веќе во март со своите владејачки партнери социјалдемократите (SPD) до сега невиден програма за потрошувачка од повеќе стотици милијарди евра за повторно наоружување и модернизација на Германија, која досега беше многу приврзана за чување на буџетската дисциплина.

Неделникот „Економист“ во многу пофален вовед напиша дека тоа е „фантастичен почеток за Фридрих Мерц“.

Но, храброста која му носи пофалби од европските сојузници во оваа фаза во Германија, предизвикува и критики и незадоволство.

„Никогаш некој канцелар не започнал свој мандат со толку слабa доверба од страна на населението“, оцени за Франс прес професор по политички науки на универзитетот Касел, Волфганг Шредер, во осврт на новите анкети.

Многумина, вклучувајќи и членови во неговите редови, му замеруваат што го издал ветувањето за реформата на „ограничување на долгот“, запишано во уставот, односно механизмот со кој се ограничува капацитетот за задолжување, но и инвестирање на земјата.

Тоа дава материјал за екстремнодесничарската Алтернатива за Германија (AfD), која го осудува неговото „лажење“ и им е на петите на конзервативците во анкетите.

„Многу ќе зависи од способноста на Фридрих Мерц да ја продаде идејата дека ‘сега безбедноста е апсолутен приоритет’ и дека задолжувањето за тоа е ‘неизбежно’“, рече политикологот Урсула Мунх од универзитетот Тутсинг.

Токму за време на изборната кампања тој ветуваше јасен премин на десно ако стане канцелар со заострување на мигрантските прописи по неколку смртоносни напади во кои учествувале странци. Од изборот за лидер на Христијанско демократската унија (CDU) во 2022 година, тој објави целосен пресврт во издашната политика на прифаќање мигранти на Ангела Меркел (2005-2021).

Тоа беше како реванш на Ангела Меркел која го потисна во 2002 година од стратешката позиција на претседател на парламентарната група CDU, што го доведе до тоа да се преусмери на финансии во 2009 година, во групата BlackRock, една од најголемите компании за управување со средства во светот.

Според него, само рестриктивната политика кон мигрантите може ефикасно да го запре AfD, основана 2013 година со поранешни кадри од CDU, со која тој исклучи било каква соработка, и покрај повиците од Трамп и неговите соработници.

Мерц е убеден либерал и пред се сака да ги намали даноците за компаниите и бирократијата.

„Многумина во CDU сметаат дека Мерц и Трамп можат добро да се согласуваат. Мерц ја познава САД, тој направи кариера во приватниот сектор, значи е бизнисмен, што може да му се допадне на ‘творецот на договори’ во Белата куќа“, оценува магазин „Шпигел“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни