Ако никогаш не сте слушнале за nattо, не сте единствени. Освен оние кои следат традиционална јапонска исхрана, многумина не консумираат многу од овој ферментиран производ од соја. Сепак, поради неговите наводни здравствени бенефити, популарноста на суплементите на наттокиназа расте.
„Во Јапонија во просел луѓето живеат најдолго, а натто се смета за таен оружје за долговечност“, вели диететичарката Ким Јавиц за Men’s Health. Затоа некои земаат суплементи на наттокиназа со надеж да имаат слични бенефити.
Што е наттокиназа?
Крајот на 1980-тите, истражувачите го изолирале ензимот наттокиназа од натто, за кој се верува дека помага во разградувањето на крвните згрутчувања, што може да го намали ризикот од срцеви заболувања. Многу луѓе земаат наттокиназа во форма на суплементи затоа што натто има специфичен вкус.
Студија која опфатила скоро 30.000 учесници во текот на 16 години покажа дека внесувањето на натто е поврзано со помал ризик од смртност од срцеви заболувања во Јапонија.
„Наттокиназа не е доволно истражувана кај луѓето, па е тешко да се каже дали е корисна како суплемент“, вели Јавиц. Некои истражувања сугерираат дека може да помогне во намалувањето на холестеролот и наслагата во артериите, но главно кај лица кои имаат прекумерна тежина или лоши навики како што е пушењето.
Сепак суплементите исто така можат да предизвикаат и опасно намалување на крвниот притисок или да го влошат нарушувањето на згрутчувањето на крвта и затоа треба да се внимава.
„Пред да започнете со земање суплементи на наттокиназа, треба да се консултирате со вашиот лекар за можните ризици“, додава таа.
„Наттокиназа исто така може да ја разреди крвта, па е најдобро да се избегнуваат суплементи ако имате нарушувања во згрутчувањето на крвта или земате лекови за разредување на крвта“, предупредуваат нутриционистите.
Суплементите на наттокиназа не се регулирани и нема стандардизирана доза. Ако го сакате вкусот на натто, вклучете го во вашата исхрана, но секогаш консултирајте се со вашиот лекар пред да започнете со земање нови суплементи.