Професор доктор Џуро Мацути, новиот мандатар на Србија, е роден во Белград. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград. Бил на специјализација по репродуктивна медицина и биологија на Универзитетот во Женева и Светската здравствена организација.
Како што наведува „Телеграф“, Мацути ја прославил српската медицина и Медицинскиот факултет на Универзитетот во Белград ширум светот, како еден од најпризнатите светски стручњаци во областа на ендокринологијата.
Од 2015. до 2023. година, Џуро Мацути бил член на Стручниот совет на Универзитетскиот клинички центар на Србија. Тој е заменик директор на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички болести при Универзитетскиот клинички центар на Србија.
Тој е редовен професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград, на Катедрата за интерна медицина, и гостин-професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Атина и на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Скопје.
Његовата професионална кариера е дополнително зајакната со улогата на претседател на Српското друштво за репродуктивна ендокринологија. Тој е член на Извршниот одбор на Европското ендокринолошко друштво и претседател на Финансискиот комитет на ова друштво.
Професор Мацути е автор на повеќе од 140 оригинални научни трудови објавени во меѓународни научни списанија со рецензија. Тој е и помошник на главните уредници и член на редакциите на неколку меѓународни медицински списанија.
Во 2024. година, со указ на Претседателот на Република Србија, за својот труд и придонес кон Србија, Мацути бил одликуван со Орденот на Карађорџевата ѕвезда II степен.
Џуро Мацути е член на Иницијативниот одбор на новосоздаденото движење, кое ќе ги обедини најеминентните стручњаци од сите области, со цел да помогне Србија да се врати на патот на раст, развој и победа, како и на патот на мир, стабилност и заедништво.
Тој говори англиски јазик.