Наскоро, во организација на издавачката куќа „Бегемот“, започнува фестивалот ArtArea#9, книжевно-мултимедијален фестивал што веќе девет години по ред континуирано ја промовира современата парадигма на интегративно и интерактивно културно дејствување.
Како и секоја година, фестивалот ќе биде точка на пресек на различни културно-уметнички полиња.
Традиционално, освен книжевноста, која е постојан елемент на фестивалот, и оваа година ArtArea е планирана со богата програма од различни културни зони. Фестивалската тема годинава е „Македонската алтернативна музика“, на која преку неколку тематски настани и концерти во живо ќе ѝ биде посветен вториот фестивалски ден.
„Ќе имаме можност да проследиме изложба на фотографии, шест книжевни разговори, музичка панел-дискусија, музички видеоартови, поетско-музички перформанс, продажба на винили и концерти од млади македонски музичари, актуелни на македонската алтернативна сцена“ велат организаторите.
ArtArea#9 ќе се одржи од 12 до 14 септември во кафе-книжарницата „Буква“, во Скопје со следниот распоред:
12.09.2025
19:00 – Разговор за книгата: „Опашка од конец“ од Оливера Ќорвезироска (Бегемот, 2025), разговараат Владимир Мартиновски, Владимир Јанковски и Оливера Ќорвезироска
20:00 – Разговор за книгата „Потклек“ од Љупчо Петрески (Бегемот, 2025), разговараат Катерина Шекутковска, Душица Лазова и Љупчо Петрески
21:00 – Разговор на книгата: „небо трето“ од Ѓоко Здравески (Бегемот, 2025), разговараат Николина Андова-Шопова и Ѓоко Здравески, музичка придружба Дејан Спасовиќ и Перица Сарџоски
22:00 DJ сет MamaMixa
13.09.2025
(Продажба на плочи и музички материјали: Re:start)
19.00 – Панел-дискусија: Македонската алтернативна музика низ годините (модератор: Јане Алтипармаков, учесници на панелот Васко Марковски, Елеонора Стојановиќ, Раде Биковски, Филип Букршлиев и Ивица Димитријевиќ)
20:00 – Видеоарт омнибус: „The Hip – Reality Overdrive“ од Јане Алтипармаков
21:00 – Соло-концерт Мартин Џорлев
21:30 – Џем сесија на колективот Гола Планина
22:30 – Концерт во живо на Mallard
14.09.2024
19:00 – Разговор за книгата: „Антисвет“ од Ана Тодоровска (Илика, 2025), разговараат Марија Велинова и Ана Тодоровска
20:00 – Разговор за книгата: „Микроскоп, телескоп, стетоскоп“ од Васко Марковски (Бегемот, 2025), разговараат Владимир Мартиновски и Васко Марковски
21:00 – Разговор за книгата: „Збирно место“ од Тони Димков (Бегемот, 2025), разговараат Филип Димевски и Тони Димков