Директорот на Психијатриска болница -Скопје, Иса Авдулаи, изрази сочувство на семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани, посочувајќи дека Клиниката за психијатија во Скопје е отворена да пружи каква било помош за надминување на овој тежок период.
-Почитувани семејства на жртвите и повредените во трагедијата во дискотеката во Кочани. Со длабока тага ја примив веста за загубата на вашите најблиски и за бројните повредени во оваа трагична случка. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со вас. Ви изразуваме најискрено сочувство и ја споделуваме вашата болка. За сите оние кои чувствуваат потреба од психолошка поддршка по оваа трагедија, Психијатриската Болница е отворена и подготвена да ја понуди неопходната помош. Ве охрабруваме да побарате поддршка за полесно да го надминете овој тежок период, наведува Авдулаи во објавата на Фејсбук.