,,Кластер” – Изложба на Иван Ивановски во КИЦ

Тематски изложбата се бави со начините на кои поединецот се втопува во колективот и како повторно се појавува, но не како „јас“, туку како „ние“. Терминот „кластер“ овде се користи во повеќеслојна смисла: како форма на групирање без центар, како модел на акумулација на тела или информации и како состојба на психолошка кохезија од што произлегува посебен независен ентитет со своја волја и свест.

На 17 јуни во 20 часот во Културно информативниот центар ќе биде отворена изложбата на „Кластер“на Иван Ивановски.  Станува збор за уметнички проект што низ слики, скулптури и цртежи ја истражува психолошката, социолошката и политичката динамика на толпата.

Тематски изложбата се бави со начините на кои поединецот се втопува во колективот и како повторно се појавува, но не како „јас“, туку како „ние“. Терминот „кластер“ овде се користи во повеќеслојна смисла: како форма на групирање без центар, како модел на акумулација на тела или информации и како состојба на психолошка кохезија од што произлегува посебен независен ентитет со своја волја и свест.
Во основа, „Кластер“ го разгледува феноменот на губењето на субјективноста во услови на масовно искуство, телесна густина и просторна зависност.

Иван Ивановски (1983), дипломира вајарство на Факултетот за ликовни уметности, Скопје 2008 г., а во 2014 г. го завршува Академскиот програм за режија на Ф.А.М.У., Р. Чешка. Во моментов е на постдипломски културолошки студии на Институтот за Македонска литература.

Досега има реализирано 28 самостојни (Скопје, Куманово, Гевгелија, Белград, Гуанџоу, Њујорк, Љубљана, Берлин…) и повеќе групни изложби (Нотингем, Рим, Амстердам, Приштина…). Работи скулптури, цртежи, инсталации, слики , видео, филм и анимација. Автор е на скулптурите „Луѓе-птици“ во Градскиот парк во Скопје. Добитник е на наградата „Денес“ за млад ликовен уметник во 2014 година.

Автор е на 5 книги, „Мезанин“ издание за Фликер Студио, „Void“ издание за Флип Бук , „Pulmonary Nodule“, „Симптоми“ и „_cracy“ во издание на Партизанска штампа, а уредник е на „Македонски анимиран филм 1971 – 1991“ издание за ДФРМ, и „Илустрирна Библиска етика“ издание на МКЦ.

Работи на анимиран филм од 2007 г.,а во 2009 го прави својот прв професионален анимиран филм „Внатре“, а потоа следат „Народен фронт 12“ 2012 г., „Конзо“ 2015 г., „Образец Б16“ 2018 г. и „Јадица“ 2020 г. Неговите анимирани филмови се претставени (некои и наградени) на различни регионални и интернационални филмски фестивали.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни