Ќе се потпише договор за „Грантова шема за поддршка на претпријатијата за зелено работење”

Проектот има за цел да ја поддржи зелената транзиција на малите и средни претпријатија преку инвестиции во одржливи практики,

Во среда (04.02.2026 ), со почеток во 11:40 часот, во хотел DoubleTree by Hilton Skopjе, ќе се потпише договорот за проектот „Грантова шема за поддршка на претпријатијата за зелено работење” (Greening Business Facility – GBF)

Проектот има за цел да ја поддржи зелената транзиција на малите и средни претпријатија преку инвестиции во одржливи практики, намалување на јаглеродниот отпечаток и поефикасно користење на ресурсите.

На настанот ќе се обратат Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни