Кинеската BYD ќе гради фабрика за електрични автомобили во Унгарија

Кинескиот производител на електрични возила BYD ќе изгради нова база за производство на енергетски ефикасни возила, објави денес кинеската компанија. Новиот производствен погон ќе биде изграден во градот Сзегеда во јужниот дел на Унгарија, а се очекува во него да бидат отворени илјадници нови работни места, се вели во соопштението на BYD објавено на нивниот профил на WeChat.

Станува збор за најголемиот конкурент на американскиот производител на електрични возила Teslа и компанијата веќе има фабрика во градот Комаром, на северозападниот дел од Унгарија, во која се склопуваат електрични автобуси.

Фабриката во Комаром е изградена во април 2016 година и тоа е првата фабрика на BYD во Европа, велат од кинеската компанија.

Кинескиот гигант во сегментираното производство на електрични возила моментално има над 30 индустриски паркови и произвони бази ширум светот, вклучувајќи фабрики во САД, Бразил, Јапонија и во Индија.

Извор: bihamk.ba

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни