Драма во вселената: кинеската летелица оштетена од парче вселенски отпад

Планираното враќање на тројцата кинески астронаути на Земјата е одложено поради судир на нивната летелица со фрагмент од вселенски отпад во орбитата околу Земјата.

Планираниот повраток на тројцата кинески астронаути од мисијата Шенџоу-20 е одложен на неодредено време, откако нивната летелица била погодена од парче вселенски отпад.

Инцидентот се случил додека леталото орбитирало во близина на кинеската вселенска станица Тјенгонг, каде што екипажот ја завршуваше шестмесечната мисија започната во април. Во орбитата околу Земјата се наоѓаат илјадници фрагменти од сателити и стари летала, кои претставуваат сериозна закана за сите активни мисии.

Екипажот го сочинуваат Чен Донг – командант на мисијата, Чен Џонгжуи – воен пилот, и Ванг Ѓие – инженер на бродот. Тие требаше денес да слетаат на Земјата, но по инцидентот командата за мисијата одлучила да го одложи повратокот додека не се направи проценка на штетата и безбедноста на капсулата.

Во меѓувреме, новиот тим од мисијата Шенџоу-21 успешно се спои со станицата во саботата, преземајќи ја наредната шестмесечна смена.

Кинескиот вселенски програм бележи континуиран напредок од 2003 година, кога земјата ја спроведе својата прва пилотирана мисија. По изградбата на сопствената орбитална станица, Пекинг најавува дека следната цел е испраќање на кинески астронаути на Месечината до 2030 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни