Кина ја одби понудата на Трамп за царински олеснувања во замена за продажба на TikTok

САД оваа месец ги зголемија царините на целиот увоз од Кина на 20%. Со ова се удвоија царините за кинеските производи што Трамп ги воведе на 4-ти февруари, од 10% на 20%, а на 4-ти март.

Кина ја одби понудата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ѝ додели царински попусти во замена за продажба на апликацијата TikTok, која е во сопственост на кинеската компанија ByteDance. TikTok се наоѓа под закана од забрана во САД ако матичната кинеска компанија ByteDance не прифати да ги продаде своите акции во замена за царински олеснувања.

„Кина повеќе пати го изрази својот став во врска со TikTok. Ставот на Кина против воведувањето дополнителни царини е исто така јасен“, изјави Го Диакун, портпарол на кинеското министерство за надворешни работи.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека може да ги намали царините за Кина за да помогне во постигнувањето договор за продажба на TikTok, кој е под закана од забрана во САД.

„Кина ќе мора да ja игра играта за во продажбата на апликацијата и тие можеби ќе треба тоа да го одобрат и тоа ќе го направат, ние пак можеби ќе им дадам мало намалување на царините“, изјави Трамп говорејќи во Белата куќа.

Тој ја даде оваа изјава откако најави нови увозни царини од 25% на сите автомобили и автомобилски делови кои влегуваат во САД. Овие царини се надоврзуваат на долгата листа на царини што претседателот на САД ги користи во своите трговски и политички преговори со други земји, пишува Франс Прес.

Во случајот на кинеските електрични автомобили, кои веќе се под царини од 100% од август 2024 година, царините ќе бидат зголемени на 125%.

„Ќе имаме некаков вид договор за задржување на TikTok во САД“, изјави Трамп.

По инаугурацијата, на 20-ти јануари, Трамп одобри одложување од 75 дена, до 5-ти април, за матичната компанија на TikTok, ByteDance, да постигне договор за продажба на своите американски активности.

По истекот на тој рок, ако TikTok не биде продаден, платформата ќе биде забранета во САД, каде има 170 милиони корисници, според законот донесен минатата година за време на администрацијата на Џо Бајден, повикувајќи се на заштита на националната безбедност.

Трамп изјави дека е подготвен да го продолжи рокот за пронаоѓање некинески купувач за платформата.

„Очекувам дека барем нацрт-договорите ќе бидат видливи до продолжениот рок, 5-ти април“, додаде Трамп.

Најголемата пречка за финализирање на договорот за продажба на TikTok, кој вреди десетици милијарди долари, секогаш било обезбедувањето на согласност од Пекинг, пишува Би-Би-Си.

САД оваа месец ги зголемија царините на целиот увоз од Кина на 20%. Со ова се удвоија царините за кинеските производи што Трамп ги воведе на 4-ти февруари, од 10% на 20%, а на 4-ти март.

Кина повикува САД да се вратат на дијалог со Пекинг што е можно поскоро.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни