Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев сè уште без греење по рускиот напад

Локалните власти соопштија дека водоснабдувањето е обновено, додека електричната енергија и греењето се враќаат делумно по интензивните напади врз енергетската инфраструктура.

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев и понатаму се без греење по рускиот напад извршен на почетокот на неделава, соопштија денеска локалните власти.

Според нивните информации, утринава е целосно обновено водоснабдувањето во градот, додека снабдувањето со електрична енергија и греење е воспоставено само делумно, јавуваат медиумите повикувајќи се на извори од терен.

Во изминатиот период Русија значително ги засили воздушните напади врз енергетскиот систем на Украина, предизвикувајќи сериозни прекини во снабдувањето со струја и топлинска енергија, особено во урбаните центри.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека само во текот на оваа недела Русија лансирала околу 1.100 дронови, повеќе од 890 наведувани бомби и над 50 ракети врз територијата на Украина. Според него, цел на нападите е критичната инфраструктура, со што се врши дополнителен притисок врз цивилното население во екот на зимскиот период.

Надлежните служби продолжуваат со санација на штетите, но предупредуваат дека целосното нормализирање на системот ќе бара време, особено поради обемот и зачестеноста на нападите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни