Заинтересираните уметници, на еден документ да достават концепт за изложбата, куса биографија и контакт информации. Воедно преку online сервис (we transfer и сл.) да испратат и фотографии од нивни дела (во висока резолуција) планирани за изложбата (доколку изложбата не е подготвена, да се испратат дела од својот опус). Материјалите да се испратат на: likovna@kic.mk.
Право на учество имаат сите заинтересирани ликовни уметници кои во Културно Информативен Центар – Скопје не изложувале во последните две години. Конкурсот беше објавен на 9 октомври и трае 14 дена.
Изборот на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.