Кевин Спејси повторно се враќа на филмското платно – тој се приклучи на актерската екипа на претстојниот акционен трилер со елементи на завера „The Awakening“, во режија на Мет Ратлиџ.
Двојниот оскаровец, кој последниве години се обидува да ја обнови својата кариера откако во 2023 година беше ослободен од сите обвиненија за сексуално вознемирување, со овој проект ја продолжува низата на улоги со кои се враќа на сцената, пренесува Index.
Филмот го следи Џејсон (Џастин Тинто) и Ребека (Алис Ив), кои откриваат глобална завера и започнуваат трка со времето за да ја откријат вистината. Покрај Спејси и Ив, во филмот глумат и Питер Стормар, Стив Беркоф, Џулијан Гловер, Мет Хекингс и поранешниот најсилен човек на светот, Еди Хол.
„The Awakening“ моментално е во постпродукција, а продажбата на правата ќе започне во Кан. Филмот е снимен во прочуениот студио Pinewood Studios, а продукцијата ја потпишуваат Camelot Films и Cloud9 Studios. За камерата и монтажата се задолжени Ласло Биле (Дина, Блејд Ранер 2049) и Крис Гил (28 дена подоцна).
Спејси во последно време претежно работеше на европски проекти, меѓу кои филмовите „Control“ и „Peter Five Eight“.